Најдобриот охридски спортист за 2013 година, Нина Балабан имаше резултат под својот личен и државен рекорд на стрелиштето на Олимписките игри во Рио.
Испуканите 407.7 кругови и беа доволни да се пласира на 42-та позиција од вкупно 51 натпреварувaчки. Балабан со технички проблем со соочи во пробниот дел во кој и се скрши држачот од пушката, но и покрај дефектот таа го заврши натпреварувањето.
– Ви благодарам на сите за огромната поддршка која ми ја пруживте пред мојот настап на Олимписките игри во Рио. Вашата поддршка ми даде шанса гордо и без никаква трема да ја преставувам Македонија и бев подготвена за најдобар резултат во мојата кариера. Но, пред стартот односно во пробниот дел ми се скрши носачот од пушката, а мојот селектор и хрватскиот за среќа брзо ја санираа и се појавив на стрелиштето, но прецизноста изостана. Поради поддршката и обврската према сите смогнав сили и успеав да се борам до крај. – рече Балабан.
Во нејзината дисциплина златниот медал го освои Американката, Вирџинија Ташер , а после неа се кинеските стрелачки Ли Ду и Силинг Ји.
Нина Балабан на 42-та позиција на Олимпијадата во Рио
OhridNews