Охриѓанката Нина Балабан беше дел од тричлената македонска репрезентација во стрелаштво на отвореното Европско првенство кое се одржа во словенскиот град Марибор пред една седмица.
На снежниот стадион под Похорје, Словенија учествуваа вкупно 582 стрелци од 46 земји во поединечна или екипна конкуренција во категорија воздушен пиштол и воздушна пушка, а новина беа мешаните парови во посебно и екипно натпреварување, кое Европската стрелачка конфедерација за прв пат го претстави на Европското првенство.
Во конкуренција од 81 најдобри европски натпреварувачки, Нина Балабан во дисциплината „AIR Rifle Women 40“ го овои високото 16-то место со резултат од 415.1 кругови (102.7, 102.7, 105.0, 104.7). Со вака постигнатиот висок резултат и пласман репрезентативката Балабан за прв пат ја постави Македонија на толку високо место на Европските првенства, всушност и тоа е и нејзиниот највисок постигнат пласман на едно европско првенство до сега. Од влезот во финалната борба во оваа дисциплина ја делеа само 1,5 кругови.
Покрај најдобриот спортист за Охрид за годината која измина на ЕП во Марибор учествуваа Антонија Андонова Тасевска во дисциплина „AIR Rifle Woman 40“ и Борјан Бранковски во дисциплината „AIR Ristol Men 60“.
Сениорката Антонија Андонова Тасевска постигна резултат од 392 кругови, а сениорот Борјан Бранковски освои резултат од 563 -19 кругови и пласман на 61 место.
OhridNews