Охриѓанката Нина Балабан со резултат (407.7 круга) го зазеде 42-то место во дисциплината гаѓање со воздушна пушка од десет метри на Олимписките игри во Рио.


Резултатот остварен во Рио е за нецели четири кругови послаб од државниот рекорд кој е сопственост токму на Балабан (411.4).

Во првата серија Балабан имаше испукано 102.5 круга, во втората најдобар 102.9, а во третата успеа да го задржи просекот пукајќи 102.1. Во последната решавачка, Балабан потклекна и испука за нејзе премалки 100.1 круг.

Во финалето кое ќе одржи во 15 и 30 часот останаа уште осум стрелци, а по систем елиминација ќе се одреди освојувачот на Олимпискот злато.

Низ квалификациите најдобар резултат имаше Кинескината, Ду Ли која имаше вкупно 420.7 кругови или по серии (104.5), (106.0), (104.8) и (105.4).

OhridNews