Охриѓанката Нина Балабан, која од сезонава ги брани боите на скопскиот клуб „Стрелец“ на Државното првенство во Битола се закити со златниот медал во категоријата ѓагање со воздушно оружје во меѓународна програма.
Балабан го одбрани шампионскиот трон кој неколку години наназад е во незјина сопственост. Второ место на пиедесталот го освои Ана Ивановска од битолскиот клуб Рек, а трето и припадна на Ангела Алексовска од стрелачкиот клуб Охрид.
Боите на клубот репрезентативката Балабан ги промени откако своето школување го продолжи во главниот град на државата.
На 28 мај во Минхен, Балабан ја очекува битка со најдобрите стрелци во светот каде ќе борат за норми за Олимписките игри.
Учеството на турнирот во Минхен ќе биде и генерална проба за Европските игри во Баку, Азербејџан кои ќе се одржат од 11 до 24 јуни.
Ohridnews