Како манекенка Нина Агдал е навикната да го покажува своето тело, но понекогаш ни самата не успева да ги скроти своите облини. Дваесетитригодишната убавица на Инстаграм објави фотографија на која ја покажа незгодата со гардеробата, која и се случи за време на тренинг во тератана.

 

Изгледа Нина вежбала толку напорно што нејзините хеланки повеќе не можеле да издржат, па „пукнале под притисок“. Прекрасната манекенка ни сама не забележала што и се случило, па дваесетина минути шетала така се додека пријателот не и дошепнал дека и се гледа задникот. Сепак, Нина одлучила својот блам да го подели со следбениците на Инстаграм.