Специјалниот посредник на ОН за решавање на грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц по средбите  со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и македонскиот преговарач за името Никола Димитров, синоќа допатува во Охрид.


Метју Нимиц

Нимиц во придружба на Димитров,  синоќа присуствуваше на традиционалниот дочек на Стара Нова Година со граѓаните на Охрид. Денеска тој во друштво на градоначалникот Петрески ќе го разгледа Охрид по што ќе имаат заеднички ручек во еден од елитните ресторани.