Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција на Обединетите нации, американскито дипломат Метју Нимиц денес пристигнува во дводневна посета на Скопје. Нимиц во текот на следните два дена ќе се сретне со претставниците на македонските власти, а во среда ќе замине во Грција на средби и со тамошните владини претставници.

Во официјалното соопштение на ОН во кое се најави посетата се наведува и дека целта на средбите е да се интензивираат разговорите под нивно покровителство насочени кон изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот за името. Во двете земји се очекува дека специјалниот претставник на генралниот секретар на ОН, пред Скопје и Атина нема да изнесе нов предлог.

Инаку на овие средби посредникот ќе се запознае и со новиот македонски претставник во спорот Васко Наумовски.

OhridNews

извор Макфакс