Специјалниот претставник на ОН во спорот со името , Метју Нимиц, на средбата со македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитров и Адамантиос Василакис,  што вчера се одржа во Њу Јорк , не дал конкретен предлог за решавање на спорот со името, туку изнел рамка со нови предлози што треба да ги разгледаат владите во Скопје и Атина.

„Дадов некои предлози во смисла на нацрт рамка за да ја разгледаат како основа за чесно и праведно решение. Ги повикав двајцата амбасадори да ги пренесат овие предлози до своите влади“, рече по средбата  Нимиц, кој изрази подготвеност наскоро да ги посети Атина и Скопје.

Во изјава за медиумите, македонскиот преговарач, амбасадорот Димитров, рече дека Нимиц изнел предлог како  треба да се структурираат разговорите за да се дојде до решение. Дел од предлогот се совпаѓа со нашата позиција, дел не, објасни Димитров.

Г.М.