Постои сериозна подготвеност кај двете страни за дополнителен напор за изнаоѓање прифатливо решение и завршување на спорот за името на Македонија, изјави посредникот на ОН, Метју Нимиц по средбата со грчката министерка за надворешни работи, вчера во Атина.

Нимиц смета дека  направен е напредок во напорите да се затвори осуманесетгодишниот спор за името меѓу Грција и Македонија, кои според него сега се поблиски отколку во минатото да постигнат договор.

Тој не соопшти рокови во кои треба да се реши спорот, при што истакна дека идеите им ги претставил и на двете страни за да ја види нивната евентуална реакција.

Претходно Нимиц во Скопје оствари срдба и со македонскиот државен врв, на која како што истакна ја изнел новата варијанта на октомврискиот предлог кој го содржеше името Република Северна Македонија. Овој предлог беше предмет на анализа на средбата на државниот врв која синоќа се одржа на иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Ohridnews