Специјалниот претставник на Обединетите нации -ОН, Метју Нимиц, на продолжението од разговорите за решавање на спорот за името што се одржаа денеска во Виена, неофицијално понудил три финални предлози: Нова Македонија, Горна Македонија и Република Македонија-Скопје.

Предлозите како што јавија македонските известувачи од Виена, се однесуваат на името со кое земјата ќе биде ословувана во меѓународните односи, додека за домашна употреба Македонија ќе може да го користи уставното име. Исто така предлогот предвидува употреба на зборот македонски за дефинирање на јазикот, националноста и слично.

Предлогот како што неофицијално се дознава е последен и двете страни по него треба да се изјаснат на средбата што веќе идната недела ќе се одржи во Њујорк. Последниот предлог на Нимиц всушност ги содржи предлозите на Грција за решавање на спорот со името кои Македонија на неколку наврати ги одби. Експертите толкуваат дека со ваквиот предлог меѓународната заедница отворено се става на страната на Грција во спорот со името, која од позиција на сила се заканува дека ќе употреби вето за приемот на Македонија во НАТО, доколку земјава не го промени уставното име. Други пак препознават обид за постигнување компромис кој нема да ги загрози стратешките интереси на НАТО, ниту националните интереси на Македонија и Грција.

ohridnews