Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски кажа дека изложил одредени измени на октомврискиот предлог и побарал од Владата да размисли за овој пакет во целост. Медијаторот не изнесе никви детали за предлогот, ниту за кави промени станува збор, но изрази оптимизам дека тој може да ги проближи двете страни кон решение.
– Разговорите беа мошне конструктивни и почувствував поголема доверба од порано, доста работи се случија кои дозволуваат да кажеме дека ќе дојдеме до компромис, рече Нимиц.
Метју Нимиц попладнево ќе отпатува за Атина, каде што ќе се сретне со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани и со преговарачот за името Адемантиос Василакис.