Специјалниот претставник на ОН , Метју Нимиц, денеска на продолжението на билатералните преговори во Атина, го изнесе најновиот предлог за решавање на Грчко-македонскиот спор за името.

По половина час разговорите  биле прекинати, а на новинарите им било соопштено дека Нимиц го изнел најновиот предлог за решавање на спорот околу името  на преговарачите Димитров и Василакис.


Новиот предлог за името на Нимиц тајна !

Детали за содржината на предлогот не е се соопштуваат, освен тоа дека преговарачите ќе го пренесат на своите влади. Продолжение на преговорите се најавува за неколку дена, а можно е и за неколку недели. Медијаторот Нимиц изјави дека крајниот рок за одговор на последниот негов предлог не е временски ограничен со одржувањето на Самитот на НАТО во Букурешт.

Г. Момироски