Еден нилски коњ влегол во базен на една Африканска фарма. Меѓутоа после почетното капење и играње не можел да излезе од три метри високиот резервоар за вода. За негова среќа фармерот забележал дека тече вода. Се качил и се шокирал кога ги видел огромните ноздри на нилскиот коњ како ѕиркаат од водата.


Веднаш повикал помош. Спасувачите опремени со хидраулична дигалка и кафез стигнале после неколку часа. Го испразниле резерварот и го ставиле нилскиот коњ во кафезот. Операцијата за спасување траела четири часа.