Американскиот актер Нил Патрик Харис ќе биде домаќин на свечената церемонија при доделувањето на Оскарите во февруари 2015 година, соопштиле организаторите на церемонијата. Актерот, кој претходно бил домаќин на неколку други доделувања, вклучувајќи ги и наградите Еми, ќе ја води 87-та церемонија за доделувањето на Оскарите на 22 февруари во Лос Анџелес.
Престижната мисија за домаќин на Оскарите, за која се „борат“ холивудските ѕвезди, оваа година била доверена на актерката Елен Деџенерис. Нил, кој е најпознат по улогата во серијата „Како ја запознав твојата мајка“, рекол дека му е чест и задоволство да ја води церемонијата. Додал дека растел гледајќи го тоа шоу и отсекогаш бил воодушевен од луѓето кои ја водат таа свеченсот. Доделувањето на Оскарите ќе биде пренесувано во живо во повеќе од 225 земји во светот.