Охридските сини ги зголемија проблемите и главоболките на тренерот на Пелистер, Игор Николовски кој е под голем притисокот од јавноста поради лошите резултати на екипата на стартот од новата сезона.


– Секогаш кога резултатите не одат во посакуван епилог притисок има и ќе има. Јас сум секогаш тука и не бегам од одговорноста за лошите резултатот на стартот од сезоната. Против Охрид одигравме добар натпревар и немаше да биде незаслужено ако и ние се радувавме на победата на крајот од мечот. – изјави Николовски.

Четвртиот пораз во петтиот натпревар „зелено белите“ ги сместува во долниот дел од табелата. 

Ohridnews