Александар Николовски
Осврнувајќи се на досегашниот тек на кампањата Николовски оцени дека таа во Охрид се води на мошне коректно ниво од страна на двете коалиции. Николовски посочи дека до крајот на предизборната кампања ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да остварува директни контакти со граѓаните на Охрид на кои ќе им ја презентира сопствената програма. За разлика од нас кои имаме конкретна програма со конкретни рокови нашите политички ривали немаат програма и се обидуваат да ги освојат гласовите со дискредитации и навреди, што е една од причините зошто нема телевизиско соочување на лидерите Груевски и Шекеринска или на носителите на кандидатските листи, рече Николовски одговарајќи на новинарско прашање.
Коментирајќи ги инцидентите во предизборието, Николовски потенцираше дека по почетните немили настани во албанскиот политички кампус, состојбата на теренот се смирува. Тој изрази надеж дека изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера и дека нема да има повторување на инцидентите.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од последните сондажи на јавното мислење, Николоски истакна дека без оглед на досегашните резултати вистинска анкета ќе биде таа на 1 јуни кога граѓаните ќе го дадат својот глас на изборите.