Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ ги одбра дванаесетмината патници за гостувањето во Сарагоса против Шпанија.

Од 14-те кои се подготвваа за средбите од јулскиот квалификациски прозорец, во Шпанија нема да патуваат Страхил Николов и Валмир Какруки.

За дуелот на 1 јули со Шпанија, Бајиќ ќе смета на: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов, Дамјан Робев (од МЗТ Скопје Аеродром), Стојан Ѓуроски (Пелистер), Андреј Маслинко и Виктор Ташовски (ТФТ), Виктор Ефремовски (Гостивар), Теодор Симиќ (Барселона), Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт) и Рубин Стефанов (Италија).

Три дена по мечот со Шпанија, македонските кошаркари во Скопје ќе се соочат со Украина.

OhridNews