Власта бега од народот и затоа по речиси осум децении нема прослава на Илинден на Мечкин Каменсо пригодни говори и манифестација соодветна на празникот. Ова денеска во Крушево го истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со концептот за проислава на претседателот Пендаровски и најави дека партијата по преземање на власта ќе ја врати прославата на Илинден на Мечкин камен.
Не смееме да дозволиме во услови кога се гази македонскиот идентитет, кога се става под прашалник од страна на соседите пред се од страна на Бугарија целокупната македонска историја, не смееме самите да дозволиме да се сквернави празникот, а за жал највисоките органи на власта како што се претседателот и премиерот го сквернават празникот очигледно обидувајќи се да угодат на други. – рече Николоски.
Ние тоа нема да го дозволиме после промената на власта која што ќе се случи уште оваа есен и следната година на 2-ри Август заедно тука ќе славиме со десетици, стотици илјади македонски граѓани, македонски народ, додаде тој.
OhridNews