Владата сериозно ја разгледува можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор објави денеска на социјалните мрежи министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор, напиша Николоски на Фејсбук.

Николоски најави дека во наредниот период ќе се работи на мотивирање големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.

Г.М.