Oвој месец ќе се распише нов јавен повик каде се очекува да се воспостават нови авиолинии од Охрид, а следната година да започне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВМ.

Посочи дека со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, започнува нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром.

Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, потенцираше Николоски.

Ова е, вели, успешен јавен повик бидејќи на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвора можности за развој на туризмот.

Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега се поврзуваме со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродорми со најмногу конектинг летови. Потоа го имаме Охрид до Базел Милхус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија кој па отвора многу можности за нашата дијаспора и голем број туристи од тие земји, истакна Николоски.

Тој во интервјуто потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.

OhridNews