Нема опаснот за излевање на езерото, ситуацијата внимателно се следи , а формирано е и координативно тело во кое што учествуваат повеќе министри и повеќе директори на институции кои што се задолжени за оваа проблематика, изјави денеска во Охрид пратеникот Александар Николоски .
– Би сакал да апелирам да не се користи оваа ситуација за добивање на политички поени, бидејќи вака е речиси секоја година, посебно во месец април кога се топат снеговите и водата се слива во езерото. Ова не е ситуација која Охрид не ја видел, има многу други можности каде што може да се поентира. Ова е лошо за имиџот на градот, бидејки викендов туристите го избегнаа Охрид, не знаејки ја реална ситуација во градот, рече Николоски.
Тој посочи дека во Струга се испуштаат 50 – 55 м3 вода во секунда и дека тоа е доволна количина за нивото на езерото да биде стабилно. „Од она што го имам како инфомрација од ЕЛЕМ езерата Глобочица и Шпиље имаат доволен капацитет да ја примат водата која се ипушта во овај момент. Ситуацијата е стабилна и Охрид не може да биде поплавен“, додаде Николоски.
Мирко Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com