Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кои се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие неколку дена, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, а се обидуваме да договориме уште најмалку два лета со Ер Арабија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на официјалната владина посета на Обединетите Арапски Емирати.
Зборуваме за можностите за инвестиции во Македонија во делот на инфрструктурата, туризмот, во делот на земјоделието. Зборуваме за големите можности што ги носи туризмот во Македонија и планинскиот и езерскиот. Исто така за коридорите 8 и 10 кои се значајни за поврзување за цела Европа, не само за Македонија, ги презентираме пред стопанските комори во Обединетите Арапски Емирати како начин да привлечеме инвеститори во Македонија, посочува Николоски.
Додавата дека и политичкиот дел на посетата е исклучително значаен, посочувајќи ја средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и најавувајќи ја утрешната со Премиерот. Воедно, истакнува дека денес на ниво на министри ќе бидат потпишани неколку значајни договори за економска, образовна и туристичка соработка, што, вели, ќе придонесе за уште побрз развој.
Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ФлајДубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион како дополнително би се развил туризмот, потенцира Николоски.
Целта на средбите, вели Николоски, е да се привлечат инвеститори во Македонија, да се отворат нови добро платени работни места и државата да напредува.
OhridNews