Високиот број на иселени лица од Охрид и Македонија е серизоно прашање на чие решавање владата работи во континуитет, вели пратеникот Александар Николоски.
– Напорите се насочени кон отварање на нови работни места и што подобра перспектива на младите. Секако тоа не е лесен процес, но кога во 2006 година како ВМРО- ДПМНЕ за прв пат го добивме мнозинството во парламентот, 38% од населението беше невработено, бројка според која бевме апсолутен рекордер во Еропа во тоа време. Сега таа бројка е на 26%, што секако не е големо намалување, но подобро од претходно. Се надевам дека со она што го правиме во Охрид со големите странски инвестиции кои се реализираат, како што се ОДВ Електрик и Костал, ќе се придонесе да се спречи одливот. Најважно е што вложуваме и во образованието во Македонија која нема природни ресурси, нема излез на море, па затоа од големо значење е вложувањето во доброто образование, вели Николоски.
Николоски додава дека миграцијата е тешко прашање и предизвик не само за Македонија туку и за целиот јужен дел од Европа и дека отварањето на границите има предности, но и негативности, па затоа мора да се работи во континуитет кон решавањето на овој проблем.
OhridNews