Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави синоќа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Гостувајќи во дневникот на Сител, Николоски најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и ќе бидат објавени имињата на фирмите чии лиценци ќе бидат одземени.
Најголема е бројката за изведувачи на градба од Б категорија, а тоа е се што не е врвен државен објект и станбени зградени, каде ќе се одземат 198 лиценци, рече вицепремиерот и министер за транспорт.
Николоски како клучни причини за одземање на лиценците ги наведе недостатокот на стручен кадар, како и одредени типови на градежни машини.
Тој посочи дека до сите засегнати страни кои работат со овие субјекти ќе бидат испратени дописи за да знаат дека тие веќе немаат лиценци.
Г.М.