Темата која што се отвора е нешто што според мене е број еден проблем на Македонија, далеку над сите други проблеми, и проблем кој што директно го поврзувам со поткопување на националните интереси и негирањето на самобитноста на македонскиот народ. Затоа што високот ниво на криминал и корупција создава корумпирани политичките елити пред се во лицето на двете политички партии кои што ја водат Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната дебата во Струга, насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Потпретседателот Николоски истакна дека поради високиот степен на криминал и корупција, 5 големи земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ.
Доколку Македонија беше според перцепција за корупција во првите 30 во светот, а во првите 100 како што е во моментот, верувајте многу поразлично ќе изгледаше проблемот со нашиот сосед Бугарија. Затоа што во моментот најмалку 5 земји членки на ЕУ, не мислам на Германија, но мислам на останатите мислат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ, пред се заради високо ниво на криминал и корупција, и затоа не се врши притисок врз Бугарија. Нема притисок, затоа што мислат дека државата не е спремна, рече тој.
Николоски потенцираше ако претходно се зборувало само за висока корупција сега во владеење на СДСМ и ДУИ, корупцијата ја има од најниско до највисоко ниво од шалтерски работник па се до премиер, укажувајќи дека ако побарано се иселувале од Македонија заради економски причини, сега тоа се прави затоа што нема ред и поредок во државата.
Ако во некои минати времиња се зборуваше за високо ниво на корупција, сега корупцијата ја имате од најниско до највисоко, од шалтерски службеник до премиер, комплетен систем на корупција, кој за жал ја јаде Македонија и прави многумина да се иселат од државата. Затоа што ако во минатото се иселувале од економски причини, сега многумина се иселуваат бегаат затоа што нема ред, кажа Николоски.
Николоски наброи некои од криминалните скандали поврзани со влада на СДСМ и ДУИ, и порача дека со промена на владата и ослободување на институциите, ќе се истражат сите криминали и одговорност за истите ќе има.
OhridNews