Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само интервју на Канал 5 синоќа најави уште најмалку шест нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром.

Веќе донесовме четири од Скопје и две од Охрид, а овие нови шест дополнително ќе ги објaвиме до крај на годината. Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови шест линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше, а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите,истакна Николоски.

Од охридскиот аеродром два пати неделно ќе се лета на релација Охрид – Базел – Охрид, а „Туркиш ерлајнс“ ќе почне редовно да лета од охридскиот аеродром веќе од крајот на март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.

OhridNews