Младиот центар на Вардар е најкорисниот кошаркар (МВП) во 18 коло, со учинок од 19 поени, 12 скока, две блокади и по една асистенција и украдена топка или 24 индексни поени.

Играч кој постигна најмногу поени во ова коло е Владимир Георгиевски од Карпош Соколи (27), зад него се Дарко Соколов од МЗТ со 25 и Небојша Ристиќ од Овче Поле со 22 постигнати поени.

Најдобар под обрачите е Кире Николовски со 12 скока, додека прв меѓу асистентите е бекот на Фершпед Работнички, Александар Угриновски со 7 успешни додавања.

ohridnews