Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, влада која донесе економско опустошување, континуирана ситуација на дневно поскапување, губење на работни места и економско тонење, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за избор на нова влада. Тој истакна дека е потребно соочување со народот.

Сега се соочуваме со најголемиот срам во историјата на постоењето на македонската демократија, а тоа е да се киднапира пратеник кој се појави после 5 дена.  Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики. Затоа гледаме кавга во јавноста за префрлување на одговорност во однос на извесното национално предавство во односите со Бугарија, рече Николоски.

Николоски се обрати кон помалите политички партии кои ја поддржуваат оваа влада како ДОМ, ЛДП, НП, ДС.

Зошто останувате во оваа влада,  или сте уценети или сте криминализирани, затоа што  вакво понижување нема никакво образложение. Затоа ве поттикнувам сами да излезете на следни избори да видите што мисли народот за вас затоа што поддржувате ваква влада и вакви политики, истакна Николоски обраќајќи се кон помалите политички партии. 

Според него, оваа влада нема решенија за битката со корупцијата, економската и енергетската криза и европските интеграции, а единствено решение за подобрување на ситуацијата се брзи предвремени избори.

 

OhridNews