-Имено ЕВН Македонија, која од 2006г. е приватна компанија, почна да наплаќа т.н. индустрикска струја на овие објекти иако се издаваат само во летниот период и се издава само дел од нив. Од одговорот на пратеничкото прашање јасно се гледа дека ЕВН согласно позитивните законски решенија нема право да наплаќа по овој тарифен модел, вели пратеникот Николски.
“Согласно член 4 од Законот за угостителска дејност (“Службен весник на Република Македонија ” бр. 62/2004) физичките лица кои согласно со одредбите на овој закон вршат угостителска дејност од мал обем се регистрираат во регистарот на градоначалникот на општината. Согласно овој член овие лица како физички лица (немаат правен субјективитет) вршат дејност од мал обем.
Исто така во членот 48 од овој закон физичкото лице ги издава куќите, апартманите, куќите и собите за одмор преку туристичка агенција или туристичко биро на локалната самоуправа врз основа на договор. Овој закон упатува на склучување на договор со кој се регулираат правата и обврските помеѓу туристичката агенција, односно туристичкото биро и давателот на услуги од мал обем, што значи дека е оставено на договорните страни да го определат времетраењето на договорот, односно во текот на летната сезона, бидејќи изнајмувањето на овие куќи, апартмани и соби за одмор е од сезонски карактер и за време на летниот период во нашите туристички места во Охридскиот регион.
Според член 24 од Тарифниот систем “Категориите на потрошувачи на низок напон се делат на домаќинства и останата потрошувачка на низок напон од 0,4 кВ. Исто така, во членот 26 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија е таксативно регулирано кои категории на потрошувачи спаѓаат во категорија на домаќинство. Следствено на оваа одредба, потрошувачите кои не се опфатени со категоријата на домаќинство се потрошувачи на 0,4 кВ напонско ниво од останатата потрошувачка.
Од друга страна Регулаторната комисија за енергетика согласно член 19 став 1 алинеја 8 од Законот за енергетика издава лиценци за вршење на енергетските дејности и го следи извршувањето на истите, а согласно член 44 став 1 со лиценцата покрај другото се утврдуваат: условите, начинот и постапката за доставување на извештаи и други податоци за финансиското и деловното работење, статусните промени, како и начинот на извршување на дејноста. Од претходното произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика има надлежност за вршење на мониторинг над субјектите кои вршат енергетска дејност врз основа на лиценца. Согласно мислењето дадено од Регулаторната комисија за енергетика по повод поставеното пратеничко прашање со допис бр. 03-2746/2 од 10.12.2009 година сме известени дека ” Согласно член 10 од Условите за снабдување (“Службен весник на Република Македонија ” бр.06/01) потрошената електрична енергија може да се пресметува по тарифни ставови, согласно извршената пренамена, а најмногу 12 месеци наназад. Имајќи го во предвид горе наведеното, во конкретните случаи, бидејќи нема пренамена на електричната енергија, не би требало кај овие граѓани да се постапува согласно претходно наведениот член 10, односно да им се издаваат сметки на овие граѓани согласно член 27 став 2 од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија“ – се вели во одговорот на прашањето на пратеникот Николоски..
Врз основа на член 21 од Условите за снабдување со електрична енергија, потрошувачот има право во рок од 8 (осум) дена од денот на доставувањето на сметка за потрошена електрична енергија да поднесе приговор до испорачателот на електрична енергија ако не се согласува со истата.
Исто така Регулаторната Комисија за енергетика има надлежност да се грижи за унапредување на заштитата на правата на корисниците на енергија и дополнително согласно Законот за енергетика има надлежност за разрешување на спорови кои настанале меѓу вршителите на енергетските дејности и корисниците на енергетските дејности, кога за тоа е овластена со закон или кога страните во спорот спогодбено ќе одлучат спорот да биде разрешен во рамките на Регулаторната комисија за енергетика“ – вели пратеникот Николоски.
.