ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат брзи предвремени избори за излез од политичката криза во која се наоѓа државата.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави дека ова е единственото решение во моментот.
Погазена е демократијата, беше киднапиран пратеник. За тоа ќе има одговорност, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата се обидуваат по секоја цена да останат на власт. – рече Николоски
Во изјавата за медиумите, Николоски рече дека сите пратеници од опозицијата вечерва заминуваат од Собранието.
OhridNews