Најдобрата ракометарка во македонскиот состав Јулија Николиќ по натпреварот со Данска на Европското првенство и кажа збогум на националниот дрес.

Ова е второ повлекување за Николиќ од македонската репрезентација откако таа реши да се збогува по квалификациите за ЕП.

–  Ова дефинитивно е крај, веќе нема да настапувам за репрезентацијата. Жалам што се заврши на ваков начин, но групата беше навистина тешка. На некои натпревари можевме да одиграме и подобро, но останува фактот дека против себе имавме многу силни ривали. Се надевам дека Македонија ќе направи добар резултат и на во следните квалификации, па повторно ќе биде дел на големите натпреварувања“ – истакна за “Екипа.мк“ Николиќ.

Мх.П.