Претседателскиот кандидат на коалицијата „Да ја придвижиме Србија“, Томислав Николиќ победи на изборите во Србија со 50,21 отсто од гласовите, додека кандидатот на коалицијата „Избор за подобар живот“, Борис Тадиќ доби 46,77, соопшти Републичката изборна комисија, пренесува „Макфакс“.

Како што соопшти РИК тоа се резултати од 52,51 отсто од обработените избирачки места.

Директорот на Републичкиот завод за статистика, Драган Вукмировиќ на конференцијата за новинари прецизраше дека за Николиќ гласале 647.855 избирачи, додека Тадиќ освои 603.579 гласови.

Тој додаде дека на изборите излегле 46,87 отсто од избирачите, а 3,02 отсто биле неважечки гласачки ливчиња.

Конечните резултати од вториот круг на претседателските избори ќе бидат соопштени во рок од 96 часа од завршувањето на изборите.

OhridNews
извор: „Макфакс“