Македонија по јубилеен десетти пат ќе игра на големо натпревараување. Пласманот во Холандија е петти на континетален собир. Една од клучните репрезентативки во овој успех беше Јулијана Николиќ (екс Портјанко) која со десет гола ја “искина“ мрежата на турчинките.

Таа во изјавата по завршувањето на мечот, го најави своето повлекување од националниот тим. – Многу сум среќна, доста се подготувавме за овој натпревар. Морам да кажам дека ова беше мојот последен натпревар и не можеше подобро да заврши, и тоа со пласман на ЕП. – рече Николиќ.

Николиќ напомена дека со добра работа, може да се постигне многу на континеталниот собир, и дека овие девојки имаат потенцијал за големи дострели.

М.П.