Благодарание на мирната рака на десното крило Петар Николиќ охриѓани во Прилеп го освоија првиот бод во Супер лигата ремизирајќи 22-22.
– Одлично беше чувството да се биде спасител на тимот, но за ремито не сум заслужен само јас туку целата екипа бидејќи одигравме тимски во последниот напад. Иако одевме на победа сепак и освоениот бод на жешкиот терен во Прилеп не е мал успех. Ако во иднина пак треба јас да решавам без расмилување би ја прифатил одговорноста – рече Николиќ.
Крилото заедно со десниот бек Константин Вешоски беа најефикасни на натпреварот постигнувајќи по пет погодоци.
Мх.П.