Штрајкот на просветните работници ги подели вработените во охридската Гимназија. Во оваа образовна установа штрајкуваат 25 од 55 професори, а во јавноста веднаш почнаа да се пласираат различни гледишта за мотивите на протестот, а се лепат и партиски етикети. Се објавуваат и имиња на вработените кои се во штрајк, кои се поистоветуваат со опозициската СДСМ. Според потпретседателот на СОНК Ристе Николески, ваквите квалификации се неиздржани и некоректни.

Имам потреба да ги отфрлам сите шпекулации за политичка конотација на овој штрајк, бидејќи во одредени медиуми му се даде таква конотација. Јaс лично морам да го изнесам чистото родољубско чувство, а ова го кажувам затоа што не сум „комуњар“ или „соросоид“, како што сака да кажува нашата влада и со тоа да добива поени и претставување во народот како вистински македонски националисти, а другите, обичниот народ кој не е политички определен, а тоа сме ние штрајкувачите во моментов, тие не сметаат на за удбаши и шпини во државата.-рече Николески.

Тој истакна дека штрајкот се одвива согласно одлуката и барањата на СОНК. Доколку ресорните министерства не пристапат кон социјален дијалог за изаноѓање на взаемно прифатливи решенија, најдоцна до 4.2.2015, среда, советот на СОНК одлучи да има протест кој ќе се одржи на 6.2.2015 година, додаде Николески.

Реагираат и професорите поддржувачи на штрајкот. Тие сметаат дека денес, за жал, даскалите се презантирани во една сосема друга конотација. 

“Не сакаме да бидеме ни виновници, ни сосила соучесници. Едноставано сакаме слободно да се одлучиме. И се случи она од што најмногу се плашевме- дека браниме партиски бои, а всушност се побунивме против страшната суровост која нè обезличува како интелектуалци и луѓе со сопствени ставови. И разберете нè дека забраните само создаваат лицемери и духовни инвалиди“.- се вели во писмениот допис на професорите кои штрајкуваат во Охридската гимназија.

OhridNews