Кривичниот Совет при Основниот суд во Струга, со кој претседаваше судијата Аце Петрески,  го прогласи за виновен Николас Морли за предизвикување на тешката сообраќајна несреќа во која настрада брачниот пар Чепуњоски од Струга и му изрече условна казна затвор.

Николас Морли како учесник во меѓународната трка  Гамбол 3000 на магистралниот пат Струга-Ќафасан го управувал своето возило порше со брзина од 161,6км/ч, 101км/ч повеќе од дозволеното  со што ја   предизвикал несреќата.    


Николас Морли ослободен од притвор

Основниот суд во Струга Морли го осуди на казна затвор во од 2 години условно која нема да биде извршена доколку не стори кривично дело во наредните 3 години. На Морли денеска му беше укинат притворот и е пуштен на слобода.


Ник Морли и мајка му Памела

Обвинетиот Морли со големо олеснување ја прифати изречената казна, а неговата мајка, Памела, истакна дека ова бил неверојатно стресен период за Ник и неговото семејство и со нетрпение го очекува  враќањето на синот дома.

Струшкиот заменик јавен обвинител, Благоја Даскалоски не коментираше дали ќе поднесе жалба на пресудата на што има право во рок од 15 дена.

Судскиот процес против британскиот државјанин Морли заврши експресно, за само една недела.

текст:Г. Момироски 
фото: А. Ковачески