Холивудската ѕвезда Николас Кејџ е познат како бунтовник, но тој самиот за себе вели дека е прилично здодевен тип. познатиот актер и оскаровец тврди дека имиџот на лошо момче е лага која самиот ја створил и дека всушност водел мирен, едноставен живот во Лас Вегас.
Гостувајќи на ВВС. Кејџ зборувал за својот најнов филм “The Frozen Ground”, во кој глуми полицаец кој трага по опасен сериски убиец. Трилерот, во кој покрај него играат уште и Џон Кјузак и Ванеса Хаџенс, е работен според вистинска приказна, а во американските кина ќе пристигне кон крајот на август.