Николас Кејџ вчера слетал на аеродрот во Пула – Хрватска каде според тамошните медиуми ќе го снима најновиот филм “Season of the witch”. Тој заедно со педесетчлената екипа се упатил на тајна локација каде ќе бидат снимани сцени од филмот.

Филмот е со средновековна тематика, а Николас Кејџ глуми витез кој се обидува да спаси девојка која е обвинета дека шири куга. Покрај во Истра, сцени од филмот веќе се снимени во Австрија и Унгарија.