Американскиот актер Николас Кејџ станал дедо. Даниел Кејџ сопругата  на неговиот син Вестон Кејџ, се породила минатиот четврток и добила син. Веста ја соопштил преставникот на родителите на бебето во изјава за американските медиуми. Тој навел дека семејството е дома, и дека бебето, чие полно име е Лусијан Огастус Копола Кејџ, полека се привикнува на новото окружување.

Николас Кејџ неодамна се придружил на екипата на филмот “Runner” во кој ќе игра конгресмен од Њу Орлеанс чија кариера е упропастена со сексуален скандал. Партнери во оваа драма му се Питер Фонда, Кони Нилсен и Вендел Пирс. Николас Кејџ инаку е внук на славниот американски режисер Френсис Форд Копола.