Инцидентот кој неодамна го имал славниот актер со полицијата, кога бил уапсен, нема да влијае врз неговата кариера. Николас Кејџ минатиот петок бил уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир, како и малтретирање на членови на семејството. Наскоро бил пуштен со кауција, како би можел да се врати во Њу Орлеанс, каде го снима својот најнов филм “Medallion”.
Еден од неговите соработници изјавил дека отсекогаш бил голем професионалец и дека кога е на работа тој секогаш се труди да покаже што најдобро знае. Додал дека неговите приватни проблеми никогаш не се одразувале врз работата. Кејџ бил воодушевен од улогата во споменатиот филм, бидејќи, како што рекол, има многу акција. Неодамна имал и часови по нуркање како би се припремил за една од сцените.