Николас Кејџ банкротирал поради прекумерно трошење на средствата. Парите ги потрошил на череп од диносаурус, за кој платил околу 120 илјади евра, три замоци, два острови на Бахамите, десетина луксузни апартмани, 50 автомобили, збирка стрипови од околу еден милион евра, колекција на глави од домородци, авион и две јахти.
Поради банкротот актерот го тужел својот менаџер Самуел Левин затоа што, според него, лошо управувал со неговиот имот. Кејџ бара оштета од околу 12 милиони евра.