Никола Јолески едногласно е избран за в.д. основен јавен обвинител во ОЈО Струга на денешната седница на Советот на јавни обвинители

Како што информираат од Советот поради истек на мандатот на Основен јавен обвинител на ОЈО Струга, Советот донесе одлука за распоредување на јавниот обвинител Стојанчо Арнаудоски во Основното јавно обвинителство Охрид.

Советот, исто така, едногласно донесе одлука за објавување на оглас за избор на основен јавен обвинител на ОЈО Кичево.

Под точка разно, Советот на денешната седница, донесе одлука Зориза Павловиќ да биде номинирана за член на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство.

OhridNews