Со ова писмо сакам да ја поздравам реализацијата на вашата веб страна пред се, бидејќи таа е причината и условот за моето јавување. Од многуте убавини и вредности на Охрид и Охридското езеро сепак ќе остане и нешто што може да биде поубаво, а природата сепак често не може да се справи пред моќта на човекот. Ќе се задржам на еден, по мое мислење најкрупен еколошки проблем кои сепак е лесно решливи, а некако не доаѓаат на дневен ред во свеста на луѓето. Се работи за „прашањето на јагулите“. Со изградбата на хидроцентралите на Црниот Дрим се спречи природниот пат на јагулите кои од јужноамеричките мориња пливаат да стигнат до езерото, за на крај на неколку километри од својата дестинација бидат запрени во својата намера.



Овој пат тие го преоѓале со милиони години, значи се работи за жив споменик на едно неверојатно патешествие стар повеќе милиони години, а не материјален споменик од пред сто илјада или петилјади години. Вештачкото порибување не е вистинското решение. А „ќарот“ од централите е чисто економски: производство на струја која некоја компанија ја продава и од тоа живее. По мое мислење штета е неспоредлива во однос на “ќарот“. Одредени луѓе го увиделе ова и направиле проект за заобиколување на браните и овозможување на јагулите да допливаат од своето мрестилиште. Проектот е и награден за решението но никој не помислува и не се ангажира за негово спроведување. Сепак најлогично овој проект да го финансира оној кој ја направил штетата, т.е. оние кои ги уживаат користите од ваквиот начин на функционирање. А тоа беше ЕСМ до поделбата и продажбата или сегашна ЕЛЕМ. Погодноста за успешно решавање на проблемов е што на чело на ЕЛЕМ се наоѓа охриѓањецот Чингоски, а јас верувам дека тој може многу убаво да ја разбере ситуацијата и вредноста на јагулите за Охридското езеро и да преземе соодветни чекори во вистинска насока. Друга погодност е што парите од досегашната продажбата на ЕСМ и евентуална продажба на други капацитети се уште не се потрошени нити е испланирани нивната намена, а јас пак велам логично е да се потрошат за санирање на штетата која ја предизвикале нивните капацитети. Па дури и да не е возможно користење на овие фондови хидроцентралите Глобочица и Шпиље имаат обврска да ги покријат трошоците за штетите кои во оваа смисла ги предизвикуваат. Тоа значи да го реализираат (или платат) проектот со што ќе им овозможат на јагулите препливување на препреките. Во крајна ситуација доколку не се во состојба тоа да го направат да престанат да работат, а со тоа да не и` го одземаат на природата она што неможат да и го вратат. За рудникот на хром на албанската страна од Охрисдко Езеро каде се копа со динамитски експлозии кои го потресуваат целиот регион или каменоломот кој од толку планини го поставиле да го подјадува Киклопскиот рид истовремено и панорамата на езерото во друга прилика.

Никола Паункоски

Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност  за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата