Асфалтирањето на улицата „Никола Карев“ кое започна на 26 април заглави кај музичкото училиште. Веројатно поради потребата од прекоп за приклучување на новата зграда на пресекот со ул. „Лазо Трпоски“ не се довршува асфалтирањето на улицата, по што според најавите од Фондот за комунален развој ќе продолжи крпењето на дупките на другите улици во градот.
Инаку граѓаните имаат забелешки на квалитетот на реконструкцијата на улицата „Никола Карев“. Возачите укажуваат на бројните нерамнини кои предизвикуват непријатни вибрации при возење, а проблем има и со шахтите кои допрва треба да се нивелираат.
OhridNews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com