После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка, информираат од ГФК Охрид. Посочуваат дека оставката била прифатена од раководството на клубот.

Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера, велат од ГФК Охрид.

Џиџи на тренерската позиција во Охрид дојде на средина на јуни на местото на Александар Толески, а договорена беше соработка на 1 сезона, со можност на продолжување на договорот.

По четири одиграни кола на табелата Охрид има само еден бод и се наоѓа на последното место.

OhridNews