Во отсуство на селекторот Мирел Радои кој е ковид позитивен, романската репрезентација на утрешниот натпревар со Македонија, на стартот од мундијалските квалификации ќе ја предводи Никола Дика, кој на официјалната пресконференција ги кажа очекувањата и ја анализираше нашата репрезентацијата. Дика рече дека клучна фигура во Македонија е Елиф Елмас, а на Горан Пандев, кој ја носи капитенската лента.
Пандев е многу важен фудбалер за сигурност кај фудбалерите, но клучен играч на Македонија е Елмас. Елмас знае да направи разлика во офанзивниот дел од теренот. Затоа наша задача ќе биде да го задржиме Елмас и да не му дозволиме да се разигра, – изјави Дика.
Дика додаде дека се освен победа ќе биде неуспех за Романија, бидејќи целта на селекцијата е пласман на Мундијалот во Катар.
Атмосферата во селекцијата е добра, фудбалерите се подготвени и можам да најавам дека ќе одиме на победа на секој натпревар, – истакна Дика.
Натпреварот помеѓу Романија и Македонија се игра утре, со почеток во 21 часот.
OhridNews