Охридските „гладијаторите“ во дербито од 17-та рунда во регуларниот дел од Супер лигата силите ќе ги одмерат со скопски Металург. Дербито во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра без публика поради мерките за безбедност од ширење на корона вирусот. Мечот на програмата е утре во 18 часот.

 

Резултатски мечот нема значење но сепак, ние посакуваме да победиме и со еден позитивен елан да влеземе во плејоф предизвиците. Вистинска штета е што дербито ќе се игра без публика бидејќи ќе биде судар на двете најдобри екипи во овој дел лигата. – изјави чуварот на мрежата Никола Даниловски.

Голманот, токму од Металург се пресели во Охрид. И тој смета дека нема некои предности затоа што ги познава играчите.

Има некои одредени предности од моето играње во Металург но и има исто толку недостатоци. Колку што јас ги знам ракометарите од Металург, толку ме познаваат и тие мене. Се работи за исклучително квалитетна и искусна екипа и ќе треба да одиграме перфектен натпревар за победа. – истакна Даниловски.

Охридските ракометари во најавата на дуелот со Металург ја совладаа Струга во, но изгубија во дербито со Бутел Скопје.

На гостувањето кај Бутел Скопје во целина одигравме добар натпревар. Покажавме карактер и се вративме од четири голови негатива, играта во одбрана беше задоволителна а единствено што треба да се поправи е реализацијата. – заврши Даниловски.

Првиот натпревар одигран во Автокоманда во рамките од есенската полусезона заврши без победник (29-29), што е одлична најава за супер дербито во Охрид.

Мх.П.