Охридскиот ракометен клуб се засили на голманската позиција доведувајќи го Никола Даниловски од тимот на Металург.
Поранешниот младински репрезентативец со охридскиот состав потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката.
Со ангажманот на 22-годишниот голман, РК Охрид ќе ги реши дилемите околу позицијата чувар на мрежата. Пред потпис на нов договор со „гладијаторите“ е Јагош Брауновиќ, кој минатата сезона беше опција број еден голот.
Охрид предводен од новиот тренер Раде Стојановиќ полека го екипира ростерот и во скоро време ќе бидат обелоденати имињата со кои ќе биде продолжена соработа и оние кои ќе го засилат клубот.
OhridNews