Со решение на министерот за здравство, Имер Селмани, за директори во Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, назначени се д-р Никола Бакрачески-кардиолог специјалист и Димче Секулоски-економист.

Никола Бакрачески и досега ја извршуваше функцијата директор на Кардиолошкиот завод во Охрид. Тој ја воведе интервентната кардиологија во Заводот за кардиологија за што годинава ја доби и Свети Климентовата повелба-највисокото општинско признание.

Втотата директорска функција во Заводот за кардиологија ќе ја извршува економистот Димче Секулоски. Тој е сопруг на пратеничката од редовите на НСДП од Охрид, проф. д-р Мирјана Секулоска.

Согласно новите законски прописи во иднина со јавните здравствени установи ќе менаџираат двајца директори.

ohridnews