И покрај фотографиите кои го свртеле светот, на кој Никол Шерцингер и Крис Браун во еден клуб во Холивуд разменуваат нежност, убавата пејачка демантирала дека е во врска со поранешното момче на Ријана Крис Браун.

Иако јасно се гледа дека се нешто повеќе од пријатели, а очевидци потврдиле дека се однесувале како да се во врска, портпаролот на групата „Пусикетдолс“ рекол дека тие се само пријатели кои се обидувале да разговараат во бучниот клуб. Иако изгледало дека биле нешто повеќе од пријатели, според него тоа не било така.